Папата ќе го прогласи Степинац за светец

11.02.2014 10:41

Загрепскиот бискуп и кардинал, Алојзие Степинац, кого комунистичките власти во 1946 година го осудиле за соработка со усташите, ќе биде прогласен за светец, пишуваат хрватските медиуми.

Ватиканскиот префект Ангело Амато изјави синоќа на миса во хрватската црква „Св. Јероним“ во Рим, дека надлежната лекарска комисија утврдила случај на чудесно оздравување на еден верник по разговорот со блажениот Степинац, за што бил информиран и папата Франциско.

Тоа, како што пренесуваат хрватските медиуми, бил последниот услов во постапката за канонизација на Алојзие Степинац.

Сега следува одлука на пленумот на Конгрегацијата и декрет од папата, со кој ќе се утврди и датумот на канонизација, по што Католичката црква ќе го прогласи Степинац за светец.

Извор: МИА