Во Богданци референдум за рудникот во Казандол
04.05.2017 11:02
Жителите на Богданци треба да се изјаснат за или против рудникот за бакар Казандол кај Валандово. Ваква одлука беше донесена од Општинскиот совет.
По граѓаните на Гевлегија, и жителите на Богданци на 11-ти јуни ќе гласаат на референдум. Треба да се изјаснат за или против рудникот за бакар Казандол кај Валандово. Ваква одлука беше донесена од Општинскиот совет.
Сите 11 членови на Советот, по пет од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и еден од ВМРО- Народна партија ја подржаа иницијативата од граѓанското здружение „Спас за Богданци“, граѓаните да се изјаснат за работењето на рудникот во соседната општина.
