Џафери во официјална посета на Брисел
Според агендата, како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

Талат Џафери во прва официјална посета на Европската унија. Според агендата, како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.
Предвидени се средби и со претседателот на Европскиот парламент, Тајани и со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн.
Според соопштението, Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира нашата определба за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на парламентот во тие процеси.
Ќе ги запознае своите соговорници и со состојбите во државава, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада, стои во дописот од Кабинетот на претседателот на Собранието.
