Службен весник ќе ја објави одлуката за претседател на Собранието наредната недела

04.05.2017 11:19

Одлуката ќе биде објавена во почетокот на наредната недела во првиот број на Службен весник...

Барањето за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието е доставено до службен весник. Оттаму информираат дека согласно со законските прописи, одлуката ќе биде објавена во наредниот број на Службен весник, во почетокот на неделата.

Од Собранието пак, потврдуваат дека писмото со кое Талат Џафери го известува претседателот Иванов за новото парламентарно мнозинство во Собранието, за да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е пратено во Кабинетот на шефот на државата.