Принцот Филип се повлекува од кралските обврски
04.05.2017 11:25
Одлуката е донесена лично од принцот Филип и за тоа има поддршка од кралицата, изјави портпарол на Бакингемската палата.

Принцот Филип (95), сопруг на британската кралица Елизабета Втора, оваа есен ќе се повлече од кралските обврски, пренесуваат британските медиуми.
Одлуката е донесена лично од принцот Филип и за тоа има поддршка од кралицата, изјави портпарол на Бакингемската палата.
Персоналот на британската кралица Елизабета Втора денеска свика состанок на персоналот на кралското семејство ширум земјата.
Околу палатата, која е резиденција на британската кралица во Лондон, утринава се собраа голем број на медиуми, по новинскиот напис дека „нешто невообичаено се случува во палатата“.
