„Блиц“: Запленето големо количество оружје кое требало да биде транспортирано во Македонија
Минатата недела биле запленети неколку илјади пушки, митрези, минофрлачи и рачни бомби, а еден странски државјанин и двајца српски државјани од албанска националност се обидувале да ги префрлат во Македонија преку илегални канали.

Военобезбедносната агенција на Србија заплени големо количество оружје во Јужна Србија, кое илегално требало да биде транспортирано во Македонија, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од тајната служба.
Минатата недела биле запленети неколку илјади пушки, митрези, минофрлачи и рачни бомби, а еден странски државјанин и двајца српски државјани од албанска националност се обидувале да ги префрлат во Македонија преку илегални канали.
Акцијата е извршена во најголема тајност, а државниот врв оценил дека е подобро да не ја објави информацијата.
Според изворот на „Блиц“, за целата активност се известени и надлежните македонски служби.
