Бугарскиот парламент ќе избира нова влада
04.05.2017 11:36
Пред гласањето на пратениците, Борисов на претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе му го достави предлогот за состав на неговиот нов кабинет.

Бугарското Народно собрание денеска ќе гласа за избор на нова влада предводена од мандатарот и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија, Бојко Борисов.
Пред гласањето на пратениците, Борисов на претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе му го достави предлогот за состав на неговиот нов кабинет.
ГЕРБ на Борисов постигна договор за формирање владина колалиција со националистичкиот блок Обединети патриоти.
