Заврши пријавувањето за четвртиот повик на Фондот за иновации

04.05.2017 11:54

Досега Фондот поддржал 37 проекти, во вредност од 1,5 милиони евра.

Заврши четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за финансирање проекти со инструментите кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва „стар ап“ и „спин оф“  и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

За повикот, на кој  фирмите можеа да доставуваат предлози од 3 февруари годинава до вчера, се обезбедени милион и 450 илјади евра. Парите се наменети за финансирање микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Македонија.

Досега Фондот поддржал 37 проекти, во вредност од 1,5 милиони евра. Целта е поттикнување на иновативноста кај претпријатијата имплементирање, иновативни решенија и поддршка на претпријатијата со висок потенцијал за раст.