Заев: Нова влада ќе има до крај на месецот

04.05.2017 12:50

Институциите треба да си ја завршат својата работа, и како што вели Заев, насилството да биде санкционирано. Најави дека нова влада ќе има до крајот на месецот.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средба со претставници на мисијата на ОБСЕ за настаните во собранието од 27-ми април. Институциите треба да си ја завршат својата работа, и како што вели Заев, насилството да биде санкционирано. Најави дека нова влада ќе има до крајот на месецот.

„Постојат можности до крајот на месецот да биде избрана владата, согласно роковите, но зависи од одлуката на г-динот Иванов дали ќе го даде мандатот, зависи од техничката можност на Собранието, дали таму е се функицонално, од системите, од можноста пратениците да работат како што треба. Верувам дека ќе се стигне, не заради нас, туку поради граѓаните треба побрзо, колку што е можно да се избере нова влада, затоа што од тоа зависи нормализацијата на институциите на Република Македонија“, изјави Заев.