Повторно одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Заев се појави во судот, но побара одлагање поради претходно планирани обврски, односно закажана средба со претставникот на мисијата на ОБСЕ.

Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот поткуп, во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој се појави во судот, но побара одлагање поради претходно планирани обврски, односно закажана средба со претставникот на мисијата на ОБСЕ.
На претходното рочиште, Заев рече дека е спорно тоа што при завршувањето на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки, што според него, е клучно за да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка.
Според Обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, од бизнисмен побарал поткуп од речиси 164 илјади евра.
