Македонија четврта во Европа со најнизок долг

11.02.2014 11:02

Македонија останува умерено задолжена земја. И покрај светското финансиско цунами и трнливиот пат до економско заздравување, земјава успеа да го одржи нивото на долг на 34,3 проценти од БДП, што претставува четврти најнизок долг во Европа, анализира порталот Лидер.

Според јавно достапните податоци, објавени на интернет – страницата на Министерството за финансии (http://www.finance.gov.mk), вкупниот долг на Централната Влада изнесува 2,7 милијарди евра.

Со ова Македонија спаѓа во групата земји кои и во време на криза успешно го одржаа нивото на задолженост. На Стариот континент, понизок долг од нас (изразено во проценти) имаат само Естонија, Бугарија и Луксембург.

И од Светска банка, кога го презентираа редовниот извештај за земјите од ЈИЕ, потенцираа дека со висината на долгот се уште сме во безбедната зона, но им порачаа на властите да се придржуваат до зацртаната фискална стратегија.

Долг на Централна Влада (консолидиран) заклучно со 31.12.2013

Надворешен долг на Централна Влада

1 милијарда 591 милион евра

Внатрешен долг на Централна Влада

1 милијарда 165 милиони евра

Извор: Министерство за финансии на Р. Македонија

Со сличен став излезе и универзитетскиот професор Томе Неновски.

“Во нашата фискална стратегија е одредена границата на јавниот долг на 40 проценти од БДП. Треба да внимаваме да не ја надминеме таа граница, а тоа ќе се прави со постепено намалување на буџетскиот дефицит, како што е и планирано во стратегијата„ – смета професорот.

И од бизнис – секторот предупредија дека кризата се уште не е стопроцентно завршена и оти може повторно да се појават надворешни шокови, па затоа треба да се внимава на висината на долгот, за да се остави простор за дејствување при евентуални нови екстерни влијанија.

“Сегашниот долг кој се движи меѓу 34 и 35 проценти од БДП се уште е прифатлив за Македонија. Со долг до 40 проценти ние влегуваме во мастришките критериуми на јавниот долг, но сепак, ние сме мала економија и треба да внимаваме. 40 проценти јавен долг за поголема и поразвиена земја од нас не претставува проблем, но за нас може да биде проблем. Затоа треба да се има тенденција за намалување на јавниот долг, како што е и предвидено во фискалната стратегија, за скалесто намалување на буџетскиот дефицит„ – вели за Лидер извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.

Македонија досега немаше никакви проблеми во сервисирањето на обврските. Лани сме вратиле 256 милиони евра кон странство. Властите велат дека се внимава земјава да остане ниско задолжена, а тоа е нотирано и од меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка.

“Македонија е мала земја со релативно мал БДП и затоа треба да внимаваме тој да остане на сегашното ниво или на ниво на умерена задолженост. Уверен сум дека со проекциите што ги имаме во Министерството за финансии за следниот среднорочен период, со постепено намалување на буџетскиот дефицит и со внимателно задолжување за добро таргетирани проекти, ќе го одржиме ова ниско ниво на задолженост„ – уверува министерот за финансии Ставрески.

2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

48,8

42,0

37,9

35,6

38,4

32,0

24,0

20,6

23,8

24,2

28,0

34,1

34,3

Извор: Министерство за финансии на Р. Македонија