Повелба на Република Македонија за РСБСП

04.05.2017 13:19

Претседателот Иванов нагласи дека повелбата е признание за исклучителниот придонес во подобрувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата, како и за унапредувањето и развивањето на сообраќајното образование, култура и етика.

Претседателот Иванов на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му додели повелба, како признание за постигнатите резултати во унапредување на сообраќајната култура. Годинава се одбележуваат 55 години од постоењето на Советот.

Претседателот Иванов нагласи дека повелбата е признание за исклучителниот придонес во подобрувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата, како и за унапредувањето и развивањето на сообраќајното образование, култура и етика.

Во насока на остварување на крајната цел во дејствувањето на Републичкиот совет, а тоа е заштитата на човечкиот живот, Иванов истакна дека оваа Повелба за РСБСП која годинава одбележува 55 години од формирањето, е и обврска да продолжи да ја развива сообраќајната култура.

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, заблагодарувајќи се, вети дека РСБСП во иднина ќе работи уште помотивирано со една цел - одговорни возачи, безбедни патишта и сообраќај без жртви.