Последна ТВ дебата на кандидатите за претседател на Франција
04.05.2017 13:28
Емануел Макрон и Марин Ле Пен синоќа го имаа последното телевизиско соочување пред неделните избори, кое мина во жестока дебата со вербално насилство и меѓусебни груби напади.

Двајцата кандидатити за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен синоќа го имаа последното телевизиско соочување пред неделните избори, кое мина во жестока дебата со вербално насилство и меѓусебни груби напади.
Кандидатката на Националниот фронт вети протерување на странците кои претставуваат опасност за државата, одземање на државјанствата на криминалците, затворање на салафистичките џамии и протерување на проповедниците на омраза.
Макрон од своја страна рече дека е за хируршки, а не за општи мерки во врска по ова прашање.
