Средба Хан- Џафери: Собранието мора да работи непречено
Сите актери мора да се воздржат од провокативни изјави и постапки- вели Хан, кој повторно ги осуди намерните напади врз пратениците и новинарите во Собранието, и предупреди дека евентуално повторување ќе ја наруши европската перспектива на земјата.

Талат Џафери во Брисел на средба со Јоханес Хан. Еврокомесарот порачува дека Парламентот мора да работи непречено, а сите парламентарци, вклучувајќи ја и опозицијата, се очекува да имаат конструктивна улога.
Сите актери мора да се воздржат од провокативни изјави и постапки- вели Хан, кој повторно ги осуди намерните напади врз пратениците и новинарите во Собранието, и предупреди дека евентуално повторување ќе ја наруши европската перспектива на земјата.
Хан на средбата ја изразил и подготвеноста на Европската унија да соработува со новиот претседател на Собранието за спроведување на реформската агенда, имплементацијата на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети, и повика земјата да се фокусира на идните чекори, како што е формирање влада.
