Бојко Борисов избран за нов премиер на Бугарија
„За“ изборот на Борисов гласале 133 пратеници, додека 100 се изјасниле против. Попладнево Собранието треба да гласа и за избор на владата на Борисов, која ќе има четворица вицепремиери и 18 министри.

Бугарското Народно собрание го избра лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов за нов премиер на Бугарија.
„За“ изборот на Борисов гласале 133 пратеници, додека 100 се изјасниле против. Попладнево Собранието треба да гласа и за избор на владата на Борисов, која ќе има четворица вицепремиери и 18 министри.
Борисов најави дека еден од приоритетите на неговата влада ќе биде усвојување на нов антикорупциски закон, со кој ќе биде формирано ново тело за борба против корупција, кое ќе ја земени сегашната Антикорупциска комисија.
