Дебатата меѓу Макрон и Ле Пен- дијалог на глуви
Историјата на телевизиските дебати меѓу двата криугови на претседателските избори, нема забележано толку жестока и полна со навреди дебата меѓу два кандиадти. Според испитувањето на РТЛ шеесет отсто од французите кои ја следеа дебата оценија дека Емануел Макрон беше поубедлив од Марин Ле Пен.

Kонфронтацијата меѓу Емануел Макрон и Ле Пен се претвори во дијалог на глуви. Во невозможен дијалог, со оглед дека, позициите на двајцата кандидати се покажаа целосно непомирливи, во текот на дебата. Во позиција на предизвикувач во оваа дебата, заостанувајќи во анкетите, Ле Пен немаше друг избор освен да го нападне Макрон. Не дозволувајќи му на својот ривал да дише, го затврои со град на критики, како одговорен за последните пет години на мандатот на Оланд, обидувајќи се да се спротивстави на визијата на технички аргументи на поранешниот министер за економија.
„Францускиот народ го виде вистинскиот Макрон во овој втор круг. Добродушноста ја замени озборувањето. Маските паднаа, а тоа е добро. Ќе ја бранам Франција под секакви околности. Не мислите ли дека сте одговорен за чувството на омраза кај некои млади луѓе кога одите во алжир и ја обвинувате Франција за злосторства против човештвото? Најлошиот вид злосторство“, изјави Марин Ле Пен, кандидат за претседател на Франција.
„Покажавте дека не сте кандидат со финеси, кандидат кој сака демократска дебата. Ви благодарам што ни го покажавте тоа. Не очекував ништо друго. Сакате да му кажете на францускиот народ дека глобализацијата е претешка и дека ќе ги затвориме границите, дека ќе ја напуштиме Европа и еврото“, рече Емануел Макрон, кандидат за претседател на Франција.
Дијалог на глуви кој сигурно ќе биде осуден од оние кои не се подготвени да гласаат за едниот или или другиот.
„Дебата беше вжештена и токму поради тоа не ја гледав до крај. Агресивноста навистина ми пречеше. Го презирам имиџот што го носи Националниот фронт“.
„Имаше постојани напади од двете страни. Нема да се смени многу кога ќе дојде денот. Сепак, мислам дека Емануел Макрон имаше проедност која ќе ја има и на денот на изборите“, велат граѓаните.
Ова чувство на отфрлање на двата преостанати канидати беше јасно изразена преку он лајн гласањето на членството на „Бунтовна Франција“движењето на Жан-Лук Mеланшон. Две третини од учесниците во анкетата се одлучија за воздржување или празно гласање во недела на 7-ми мај.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
