59 апликации на четвртиот повик на Фондот за иновации
На четвртиот повик на Фондот за иновации пристигнале 59 апликации за финансирање проекти на компаниите, за реализирање иновативни решенија. Предвидени се 1.450.000 евра.

59 апликации пристигнаа на четвртиот повик на Фондот за иновации. Пријавени се проекти од информатичката технологија, но и од медицината, велосипедизмот, дизајнот, земјоделството. До крајот на јули ќе се знае кои апликанти ќе потпишат договори и ќе ги добијат парите од Фондот.
Директорката на Фондот, Јасмина Поповска, вели дека се зголемува интересот за искористување на расположливите средства. Освен поттикнување на иновативноста кај претпријатијата, се работи и на тоа македонските иновативни решенија да се пласираат на странските пазари.
Фондот за четвртиот повик обезбеди 1.450.000 евра за финансирање на мали и средни претпријатија.
Викторија Милевска
