Од невнимание до фатални последици

11.02.2014 11:09

Во страшна сообраќајна несреќа синоќа во Прилеп животот го загуби 45 годишната Валентина Спасеска.

Имено, од засега неразјаснети причини околу 22 часот и 20 минути таа била прегазена од автобус марка ТАМ, управуван од 25 годишниот И.В. на крстосницата кај спорстката сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп. До несреќата дошло кога Спасеска се обидувала да ја помине улицата на пешачкиот премин.  Глетката беше потресна, кога пристигнаа екипите на итната помош и противпожарната служба, нејзиното тело се уште беше заглавено под тркалото на автобусот.

„Таа преминувала преку улицата на пешачкиот премин, од засега непознати причини била удрена од автобусот, буквално прегазена, смачкана. Имала фрактури по целото тело, смртта настапила веднаш“, рече Гоце Јонзоски, началник на итна помош Прилеп.

Увид на лице место извршија Јавниот обвинител, вешто лице и полицијата. За да се утврдат точните причини за тоа како дошло до несреќата, истрагата се уште е во тек, а Јавниот обвинител наредил да се изврши и обдукција. 

Дарко Штаргоски