Претседателот Иванов на РСБСП му додели „Повелба на Република Македонија“

04.05.2017 14:54

Претседателот Иванов, на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му додели повелба, како признание за постигнатите резултати во унапредување на сообраќајната култура. Годинава се одбележуваат 55 години од постоењето на Советот.

Една секунда невнимание во сообраќајот, може да ги промени сите животни планови. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот се обидува да ги надмине опасните навики како што се брзото возење, неносењето појас, телефонирањето или пишувањето пораки, возењето во пијана состоба, преку кампањи и едукации. За овие програми и остварувања, но и за 55- годишнината од основањето, претседателот Иванов ја додели „Повелбата на Република Македонија“.

Професионалност, стручност и посветеност, советот промовирал позитивни и хумани општествени вредности. Повелбата- мотив повеќе во иднина да се продолжи кон остварување на заложбите, намалувањето на бројот на настрадани во сообраќајните несреќи.

Ниту нови патишта, ниту нови закони, а ни повисоки казни, сами по себе, нема да ја намалат смртноста на патиштата, ако истовремено не се работи на развивањето сообраќајна култура и етика. За да се надмине трагичниот просек од 170-те жртви годишно во сообраќајот во земјава, сите треба да работиме на сооќајната култура, оцени шефот на државата при врачувањето на повелбата.

Наташа Гркова- Петрушевска