Презакажување на пациенти за снимање

11.02.2014 11:14

Пациентите за компјутерска томографија се препраќаат од старата Градска болница во 8-ми Септември и на Институтот за радиологија .

Поради недостиг на дел од компјутерскиот томограф на Универзитетската клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски“ или стара Градска болница, пациентите што имаат закажано за снимање преку ,,Мој термин“ се презакажуваат во слободните термини во Градската болница ,,8-миСептември“  или на Универзитетската клиника за  радиологија. Сите пациенти ќе бидат известени по телефон кога и каде ќе бидат презакажани  прегледите. Надлежните уверуваат дека нема долго да чекаат, односно дека може да се случи да бидат презакажани 10-тина дена подоцна од претходните термини.

Соња Стојановска