Судска одлука за превирањата во ССМ
Врховниот суд поништи одлука на Управен. Исклучените грански синдикати тврдат дека легитимен претседател е Дарко Димовски. Живко Митревски тврди- одлуката е донесена врз основа на фалсификувани документи.

Врховниот суд ја прифатил жалбата против одлуката на Управниот суд и донел решение, според кое во Централниот регистар за претседател на Сојузот на синдикатите треба да биде запишан Дарко Димовски, соопштија претставници на 6 грански синдикати кои претходно беа исклучени од членството во ССМ, што тие правно го оспоруваат.
„Управниот суд не одби, за жал судството е такво не ги применува законите, но Врховниот суд постапи законито ги укина одлуките на управниот суд и му наложи мериторно да реши. Ова за Сондикатите значи дека треба да се спроведе решението на министерот за труд и социјална политика и Дарко Димовски да се впише како претседател на Сојузот на синдикати“, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ.
„Врховниот суд рекол дека претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија е Дарко Димовски, сметано од 13. 11. 2016 и точка. Знали нема коментари, затоа што Врховен суд такво решение има донесено. Сето друго, што се спроведува или не се спроведува е против законито“, вели Драги Јовановски, Мултиетнички синдикат во образованието.
Шесте грански синдикати тврдат дека сакаат да го вратат синдикализмот на вистинската патека и се сомневаат дека нема договори за закуп на деловниот простор во ССМ на новиот универзитет и дека се плаќа наемнина.
Актуелниот претседател на ССМ Живко Митревски тврди дека станува збор за повеќе кривични дела за кои веќе се води постапка пред Основното Јавно обвинителство, односно дејствија поврзани со фалсификување исправи и печати. Побарал од институциите да се утврдат фактите, односно легитимитетот на тн. застапници кои според него користеле нелегитимни полномоштва.
„Тие дејствија и одлуки се базираат на нелегитимни документи, нелегитимни полномоштва, и употреба на фалсификувани печати кои некој ги употребил надвор од законот, претставувајќи се лажно како ополномоштен претставник на ССМ, доставувајќи жалба до Врховен суд со која се бара од ССМ, ни повеќе ни помалку, бришење од Централен регистар на претседателот на ССМ. “Со ова се направени дополнителни кривични дела за кои сторителите дополнително се пријавени со проширување на кривичните пријави“, изјави Живко Митрески, претсдетаел на ССМ.
ССМ не поднел таква жалба, ниту јас сум ја потпишал, тврди Митревски. Според кого станува збор за преземање недозволени дејствија базирани на фалсификувани исправи и печати.
Свето Николовски
