Коѕиас: Грција е цврсто во корист за стабилноста во регионот
„Грција е цврсто во корист за стабилноста во регионот. Ова се однесува и на нашиот северен сосед, ние сме за нивната унитарност и ќе го браниме нивното постоење“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

„Продолжуваат политичките тензии во Скопје по посетата на асистентот државен секретар Брајан Хојт Ји во обид да направи „медијација” за решение и да ја олесни кризата- пишува „Димократиа“. Се вели дека американската интервенција во внатрешните работи во земјата била направена како обид за деескалација на кризата, откако претставникот на САД им соопштил на медиумите во Скопје дека владата ќе биде формирана и ќе ги донесе поблиску до европска интеграција.
И aлбанските знамиња во кабинетот на Талат Џафери се тема на коментар на голем број грчки медиуми, кои што нагласуваат дека нивното поставување беше неговиот прв чекор.
Политичкиот ќор сокак во пј Р. Македонија ескалира од ден во ден, но искрата што го запали огнот беше изборот на албанскиот политичар, Талат Џафери за претседател на Парламентот. Изјавата на спикерот Џафери за албански медиум дека ќе постави Албанско знаме во неговиот кабинет, предизвика бура од реакции, јавува телевизијата СТАР.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, со порака дека Грција стои цврсто во корист на стабилноста на регионот до оние кои што размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и менување на границите.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
