Вашингтон: Да се спречи финансирањето на нуклеарната програма
Американскиот државен секретар ги повика министрите за надворешни работи на државите од АСЕАН да направат повеќе за да помогнат да се спречи финансирање на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма и да ги сведат на најниско ниво дипломатските односи со Пјонгјанг.

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон ги повика министрите за надворешни работи на државите од АСЕАН да направат повеќе за да помогнат да се спречи финансирање на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма и да ги сведат на најниско ниво дипломатските односи со Пјонгјанг.
Тилерсон ги повика државите кои имаат претензии во Jужнокинеското море да запрат со градежни работи на островите додека се водат преговори за кодекс за пловење на бродови во регионот.
Тилерсон нагласил и дека Вашингтон ќе ги исполни обврските за зачувување на безбедноста во регионот и развој на економски врски со него.
