Писмото од Џафери стигнало во кабинетот на Иванов
05.05.2017 10:34
Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија.

Во кабинетот на Претседателот на Република Македонија пристигнало писмото од кабинетот на Претседателот на Собранието, во кое информираат дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Законодавниот дом.
Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи согласно Уставот на Република Македонија и воспоставената практика, велат од кабинетот на македонскиот претседател.
