САД: Сенатот го усвои законот за финанасирање на владата

05.05.2017 11:00

Законот беше усвоен со 79 гласови „за“ и 18 „против“. Сенатот го одобри законот само еден ден откако претходно доби поддршка и во Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Американскиот Сенат синоќа го усвои предлог- законот за финансирање на работата на федералната влада до крајот на фискалната 2017 година, која завршува на 30 септември.

Законот беше усвоен со 79 гласови „за“ и 18 „против“. Сенатот го одобри законот само еден ден откако претходно доби поддршка и во Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Со усвоениот закон вкупниот обем на буџетот за преостанатиот период до крајот на оваа фискална година е утврден на 1,2 билиони долари.

Пред да стапи во сила, законот треба уште да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.