Рио де Жанеиро: Осуммина осудени за планирање на напади пред ЛОИ

05.05.2017 11:21

Ова е прв случај на судска одлука, што предизвика полемики за законското толкување на терминот тероризам.

Бразилски суд осуди осум лица под обвинение дека преку интернет се заколнале на верност на групата Исламска држава и планирале напади пред Летните олимписки игри, што се одржаа минатата година.

Ова е прв случај на судска одлука, што предизвика полемики за законското толкување на терминот тероризам.

Во јули минатата година пред ЛОИ беа уапсени 13 луѓе, од кои петмина подоцна беа ослободени.