Во Венецуела убиен лидерот на студентите

05.05.2017 11:38

Со смртта на Лопез, бројот на убиени во протестите во Венецуела е 37.

Непознати лица синоќа го убиле претседателот на Националната студентска организација на Венецуела. Убиството на Хуан Лопез било извршено на Технолошкиот факултет во државата Ансоатеги.

Со смртта на Лопез, бројот на убиени во протестите во Венецуела е 37. Повредени се повеќе од 700.