ЕУ му посака среќа на Макрон во вториот изборен круг

05.05.2017 12:55

Неименуван претставник на ЕУ изјави дека се стекнува впечаток дека со Макрон може да се работи.

Европските лидери пред неделниот втор круг од претседателските избори во Франција застанаа на страната на центристичкиот и проевропски кандидат Емануел Макрон и против политиката на „уништувањето на ЕУ“ на ултрадесничарката Марин Ле Пен.

Неименуван претставник на ЕУ изјави дека се стекнува впечаток дека со Макрон може да се работи.

Според анкетите, Макрон в недела би можел да освои 60 отсто од гласовите, а Ле Пен околу 40 проценти.