Индијана продолжува лидерски, Голден Стејт се иживуваше со Филаделфија
11.02.2014 11:21
Во 6-те НБА дуели одиграни во синоќешната понуда, во Ноќта на фаворитите единствено Сан Антонио немаше сила да го оправда епитетот.

Вест постигна 25 поени за помалку од 27 минут на паркетот, Хиберт додаде 14 во најубедливата победа сезонава, на составот со најдобар скор во моментов (40/11). Индијана славеше против Денвер, со 119:80.
Џенингс со 21 поен го предводеше составот на Детроит до триумф против Сан Антонио (109:100), во првиот меч на ВД тренерот на Пистонс, Џон Лојер. Клучен беше третиот поериод, што домаќинот го доби со 33:14.
Марис Спеигс постигна личен рекорд од 32 поена против својот поранешен тим со шут 12/15 од поле и со 8 скокови, во триумфот на Голден Стејт против Филаделфија, 123:80. Ниту една друга екипа не загубила два меча по ред со разлика над 40 поени по натпревар, а Филаделфија го прави тоа веќе два пати во историјата (првиот пат во 1993-та). Во претходната рунда, Клиперс си поигруваа со Сиксерс прегазувајќи ги со 123:78.
На другите средби:
Торонто – Њу Орлеанс 108:101
Милвоки – Бостон 86:102
Минесота – Хјустон 89:107
Голден Стејт – Филаделфија 123:80
