Успех на конзервативците на Меј на локалните избори
Гласачите решаваа за пополнување на 4.851 место во општинските совети, главните органи на локалната власт во Велика Британија, во 88 општини, од кои 34 во Англија и 54 во Велс и Шкотска.

Конзервативната партија на британската премиерка, Тереза Меј е победник на вчерашните локални избори во Англија, Велс и во Шкотска.
Гласачите решаваа за пополнување на 4.851 место во општинските совети, главните органи на локалната власт во Велика Британија, во 88 општини, од кои 34 во Англија и 54 во Велс и Шкотска.
Според изборните резултати, конзервативците на премиерката Меј освоија 155 нови места во општинските совети и со тоа ја зголемија својата предност на локално ниво пред опозициските лабуристи.
Лабуристичката партија доживеа неуспех во Велс, каде успеа да ја задржи контролата врз советот на Кардиф, но доживеа пораз во две други општини, и загуби вкупно 125 места во општинските совети.
Либералните демократи загубија вкупно 22 места во советите на општините каде се гласаше, а најмногу загуби десничарската, антиевропска Партија за независност на обединетото кралство (УКИП) која е „целосно збришана“ во северните општини на Англија, каде партијата ги загуби сите свои досегашни места во локалните органи на власта.
Изборите се одржаа на само пет недели пред превремените парламентарни избори.
Аналитичарите во Лондон сметаат дека изборите одново ја покажале предноста што конзервативцие ја имаат пред другите партии, но предупредуваат дека резултатите не треба да се сметаат за предзнак за исходот на општите избори.
Марина Автовска
