Метео: Променливо време за викендот
05.05.2017 14:42
Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и ветровито време со умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер поизразен долж Повардарието.

Утре ќе имаме преодно стабилизирање на времето, а од недела нови врнежи.
Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и ветровито време со умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер поизразен долж Повардарието. Температурите ќе бележат благо опаѓање.
Во недела ќе преовладува променливо облачно и на повеќе места нестабилно време со врнежи од дожд локално поројни со појава на грмежи и засилен ветер.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
