Унапредување на правата на лицата со посебни потреби за нивно вработување
Да се унапредат правата на лицата со посебни потреби за нивно вработување. Пред сѐ, ова се однесува на спречување на дискриминацијата на овие лица во земјава. Национална конференција организирана од фондацијата „Преда Плус“ и Здружението на студенти и младинци со попреченост.

Бојан Наумовски е студент на Филозофскиот факултет во Скопје, боледува од церебрална парализа. Вели дека на неговиот факултет има пристап до сите катедри бидејќи има лифтови, може да функционира како секој студент. Проблем за него се високите тротоари.
Во земјава недостигаат системски решенија за лицата со посебни потреби, смета Благица Димитровска која е мајка на 33- годишен син со комбинирани пречки во развојот. Вели дека се потребни измени во здравствена заштита на хендикепираните лица.
Иако лицата со прва и втора група на утврдена инвалидност имаат бесплатно образование, сепак, малку од нив се стекнуваат со статусот на академски граѓани. Ограничен е и пристапот до материјали за лицата со оштетен вид и слух. Лицата со попреченост не се доволно информирани за своите права во високото образование- велат од Здружението на студенти и младинци со хендикеп.
Од „Педа Плус“ и од Здружението на студенти и младинци со хендикеп велат дека во 2015-та година само 49 лица со посебни потреби завршиле високо образование, пет станале магистри, а не бил забележан ниту еден случај на завршени докторски студии.
Ана Јосифоска- Тодоровска
