Потребно е задржување на европската перспектива
„И покрај сите случувања, потребно е задржување на европската перспектива која е значајна за иднината на граѓаните на Македонија“- порака од вицепремиерот за евроинтеграции, Адеми. Според него, земјава нема друга алтернатива. Од делегацијата на Унијата велат дека Европа се соочува со непредвидливи времиња и тешки одлуки, но, на предизвиците треба да се гледа како на можност да се направат прагматични и храбри чекори.

„Време е за правилни одлуки од политичарите во насока на задржување на патот кон европското семјество“- вицепремиерот за евроинтергации, Адеми на дебатата во пресрет на 9-ти мај, Денот на Европа. Според него, првпат после 20 години напредок, Македонија е во опасност да уназадува во процесот на евроинтеграциите. Вели- и покрај сите случувања е потребно задржување на европската перспектива која е значајна за иднината на граѓаните на Македонија.
„ЕУ е спремна да носи одлука во насока на проширувањето, да ги надминува внатрешните пречки и да отовори пат за европска, просперитетна и реформска Македонија. Покрај сите предизвици, лично сум убеден дека можеме и дека ќе ги спроведеме потребните реформи, колку тие да се болни, и дека ќе ја вратиме земјата назад на европскиот пат, каде што и заслужува да биде“, рече вицепремиерот за европски прашања, Арбр Адеми.
Сега Европа се соочува со непредвидливи времиња и тешки одлуки за нејзината иднина, но на предизвиците треба да се гледа како на можност за да се направат прагматични и храбри чекори, велат од делагацијата на ЕУ.
„Парадоксално има и нешто позитивно во Брегзит. Тоа ќе ги направи уште поодлучни тие што ќе останат во Европа. Од земјите кои се кандидати од Балканот Се очекува да имаат јасна перспектива за членство во ЕУ. Меѓутоа за тоа потребно е имплементирање на една визија која гледа надвор од сопствените интереси“, рече Јосип Јурик, Делегација на ЕУ.
Иднината на Македонија е во Европската унија порача професор Ѓуровска од Европското движење на Македонија, а дебатата како што рече, особено е важна поради ситуацијата во која се наоѓа земјава.
„Покрај сите проблеми кои постојат во ЕУ и кои веруваме дека ќе бидат надминати, дека перспективата на младите, на сите граѓани на РМ, ја гледаме во контекстот на сите оние вредности кои ја создадоа и одржаа ЕУ до денес“, изјави професорката Милева Ѓуровска.
„Ја познавам ли доволно ЕУ?“- 10-та година по ред.
Викторија Милевска
