Охрид: Одложено судењето за убиството на Матилоски
Повтореното судење на српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ, кој на новогодишната ноќ лани го до смрт го претепа охриѓанецот, Димитар Матилоски е одложено, поради преангажираност на службените лица и возилата со судскиот процес „Диво насеље“ во Скопје. Првата изречена пресуда изнесуваше 16 години, но заради пропусти при нејзиното донесување, Апелациониот суд од Битола побара повторување на процесот.

Одложено е повтореното судење за убиството на младиот охриѓанец, Димитар Матилоски, кој на дочекот на Новата 2016-та година до смрт беше претепан од српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ.
Причина за одложувањето на рочиштето, како што рече судијката, Весна Кичеец била неможноста да се транспортира обвинетиот во Охрид, поради преангажираноста на службените лица и возилата со судењето на обвинитетите во процесот „Диво насеље“.
При првиот судски процес Угреновиќ беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години.
Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола поради одредени забелешки при одредувањето на казната побара повтурување на процесот.
Од друга страна семејството на починатиот Матилоски бараше максимална казна. Главната расправа е одложена за 6 јули.
Сашо Нелоски
