Убиен градоначалникот на Боговиње, почина и лицето кое го застрела

06.05.2017 14:05

Градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи почина откако денеска претпладне бил застрелан од огнено оружје од Ќ.А. (53) од село Боговиње, во угостителски објект во непосредна близина на општината.

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи почина откако денеска претпладне бил застрелан од огнено оружје од  Ќ.А. (53) од село Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината. 

По убиството почина и Ќ.А. кој им подлегна на повредите во Ургентиот центар во Скопје каде беше префрлен откако самиот се застрела во главата по вербалната расправија и убиството на Идризи во угостителски објект во непосредна близина на општината, соопшти МВР.

Според МВР, денеска во 10:45 часот Идризи бил донесен во Медицинскиот центар Тетово со повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје, по што било констатирано дека бил починат.

На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје и им подлегна на повредите.

Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот ќе бидат дадени насоки од надлежниот Јавен обвинител, соопшти МВР.