Емануел Макрон- нов претседател на Франција
Макрон е избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори, соопшти рано изутринава француското Министерство за внатрешни работи по пребројувањето на 99,99 отсто од гласачки ливчиња.

Лидерот на центристичката партија Напред (ЕМ), Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори, соопшти рано изутринава француското Министерство за внатрешни работи по пребројувањето на 99,99 отсто од гласачки ливчиња.
Неговата противкандидатка Марин Ле Пен од екстремно десниот Национален фронт освоила 33,94 проценти од гласовите.
Според Министерството, на овие избори има рекорден број од 11,5 отсто неважечи или празни ливчиња, додека излезноста била 74,62 проценти.
Ова се први претседателски избори во Франција по 1969 година на кои излезноста во вториот круг е помала отколку во првиот.
Макрон синоќа се обрати пред неговите приврзаници на платото пред музејот „Лувр“ во Париз, каде пропратен со звуците на европската химна им се заблагодари на Французите за поддршката што му ја укажаа.
Им благодарам и на оние кои гласаа за мене, иако не ги поддржуваат нашите идеи, изјави Макрон, пропртен со извиците на неговите поддржувачи „Победивме“ и „Макрон претседател“.
Претходно во своето прво обраќање до нацијата по изборот за нов претседтаел, Макрон ги повика „сите Французи дека ги штитат најранливите меѓу нив“.
