Почна окрупнувањето на земјоделското земјиште
Почна окрупувањето на нивите по селките атари. На барање на тамошните земјоделци првите групирани парцели се во село Егри, битолско. На селаните дополнително ќе им се помогне и во инфраструктурата со изградаба на пристапни патишта до земјоделските површини и со системте за нивно одводнување.

Почна окрупнувањето на земјоделското земјиште. Во село Егри, битолско, завршени се подготовките за првата консолидација. Изработен е финален план за патна и за каналска мрежа за новато групирање и формирање поголеми површини за обработка од малите земјоделски парцели.
Селаните ќе добијат финансиска поддршка за покривање на трошоците од консолидацијата. Покрај групирањето на распрсканите земјоделски површини, ќе се помага и со уредување на земјиштето за обезбедување пристап до нивите и до постоечкиот систем за наводнување.Треба да се изгради и новата патна инфраструктура и систем за одводнување.
Во Македонија се регистрирани 170.000 земјоделски стопанства кои во просек имаат мала земјоделска површина од само 1,85 хектари, поделена на 4 до 7, па и повеќе парцели кои се просторно оддалечени.
Дури 63 проценти од имотите се помали од 1 хектaр.
Методија Трајков
