Макрон е новиот претседател на Франција
Емануел Макрон е новиот претседател на Франција. Стана најмлад шеф на државата во историјата на земјата. Тој во вториот круг ја победи десничарката Марин Ле Пен. Излесноста на изборите беше на најниско ниво уште од 1969 година.

Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција, според првите проекции на изборните резултати, тој доби 65,5 отсто од гласовите. Марин Ле Пен од партијата од крајната десница Националниот Фронт, освои 34,5 отстo од гласовите, што претставува многу подобар резултат од тој на нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен во 2002 година, кога наспроти Жак Ширак освои само 17,79 отсто од гласовите.
Излезеноста на гласачките места според првите проценки е 74,7 отсто, што претставува помалку во споредба со 2012 кога гласаа 80,35 отсто од гласачите. Ова е рекордно ниско учество на претседателските избори во Франција од 1969 година. Бројот на неважечките и бели ливчиња е исто така голем, околу 12 отсто, што само ведочи за отфрлањето на двата кандидати од добар дел од француските гласачи.
Емануел Макрон на 39 години станува најмладиот претседател на Франција, осми по ред на Петтата Француска република.
Марин Ле Пен, која освои 34,5% одгласовите или рекордни околу 11 милиони гласови смета дека „Французите гласале за континуитет“.
Претседателката на Националниот фронт, реагирајќи петнаесетина минути по соопштувањето на првите неофицијални резултати од изборите, се гледа како „прва сила на опозицијата за новиот претседател“, Емануел Макрон.
„Националниот Фронт треба длабоко да се обнови. Ги повикувам сите патриоти да ни се придружат“, рече притоа Марин Ле Пен.
Во првото обраќање до нацијата, откако беше избран за претседтаел на Републиката Емануел Макрон со порака до сите французи дека ќе ги заштитува „најранливите од нив“, најавувајќи дека се отвора „Една нова страница од нашата долга историја, која сака да биде на повторно пронајдена надеж и обновената доверба“, рече тој.
За Европа, Емануел Mакрон ветува „да работи за да ја зајакне врската меѓу Европа и народите кои ја формираат“.
Макрон, исто така, гарантира дека Франција ќе биде "во првите редови на борбата против тероризмот, како на нејзината територија, така и во странство."
Откако го „поздрави“ Франсоа Оланд, Емануел Mакрон продолжи со својот говор.
„Ќе се борам со сета моја сила против поделбата која не дели и поткопува Само така можеме да му ги вратиме на францускиот народ шансата која Франција му ја должи. Да ја сакаме Франција. За следните пет години кои доаѓаат, јас со смирениост, посветеност и одлучност ќе и служамво ваше име. Да живее Републиката, да живее Франција!“.
Но, останува најголемиот предизвик за Макрон, создавањето на паралментарно мнозинство за да може да ги спроведе планираните реформи на земјата.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
