Втора регионална победа на партијата на Меркел

08.05.2017 10:54

Според најновите анкети, 33% од гласачите ги поддржале Демохристијаните, односно за 2,2 % повеќе од регионалните избори во 2012 година.

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел ги поразија Социјалдемократите на изборите во покраината Шлесвиг- Холштајн во северна Германија со што се зголемија шансите да победат и на парламентарните избори во септември.

Според најновите анкети, 33% од гласачите ги поддржале Демохристијаните, односно за 2,2 % повеќе од регионалните избори во 2012 година.

Социјадемократите добиле 26% од гласовите, или 4,4% помалку во однос на претходниот резултат. Идната недела ќе се гласа во Северна Рајна-Вестфалија.