„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
08.05.2017 10:57
Од граѓанската иницијатива велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие се со став дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои, како што велат, избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
Според нив, овој документ постизборно им е подметнат на граѓаните. За оваа иницијатива, Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието. Тие не го признаваат, бидејќи сметаат дека се прекршени највисокиот правен акт на државата, законот и деловникот за работа на Собранието.
