Успешна трансплантација на коскена срцевина кај 5-годишно девојче

11.02.2014 11:46

Пред 20-тина дена на Универзитетската клиника за хематологија успешно е изведена трансплантација на коскена срцевина на петгодишно девојче од Скопје со миелодиспластичен синдром

Пред 20-тина дена на Универзитетската клиника за хематологија успешно е изведена трансплантација на коскена срцевина на петгодишно девојче од Скопје со миелодиспластичен синдром. Ова е прва ваква трансплантација на дете на толку мала возраст. Тимот за трансплантација од хематологија бил предводен од проф.д-р Борче Георгиевски, заедно со хематолошкиот тим на Универзитетската клиника за детски болести. ,,Ова дете имаше среќа, велат докторите, листата за ваква трансплантација е долга затоа што ретко се наоѓа компатибилна коскева срцевина. Со оваа трансплантација докажавме дека имаме стручен тим и доверба кај пациентите.“

Соња Стојановска