Убиен е лидерот на Исламска држава во Авганистан

08.05.2017 11:56

Абдул Хасиб е убиен во операција на авганистанските специјални сили. По негова наредба се организирани бројни напади, меѓу кои и масакрот во воената болница во Кабул, извршен од борци маскирани како лекари.

Лидерот на авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, Абдул Хасиб е убиен во операција на авганистанските специјални сили. По негова наредба се организирани бројни напади, меѓу кои и масакрот во воената болница во Кабул, извршен од борци маскирани како лекари.

Во операцијата на авганистанските командоси и американски војници се убиени уште неколку команданти и 35 борци на терористичката група.