Баша: Нема да има избори на 18 јуни
08.05.2017 12:08
За 13-ти мај е најавен најголемиот протест во историјата на земјата. Баша потенцира дека опозицијата е за политички дијалог за да народот добие фер и слободни избори.

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша изјави дека во Албанија нема да има избори за нов состав на Парламентот.
За 13-ти мај е најавен најголемиот протест во историјата на земјата. Баша потенцира дека опозицијата е за политички дијалог за да народот добие фер и слободни избори.
Албанскиот премиер Еди Рама повтори дека ќе се одржи гласањето на 18 јуни и во отсуство на опозицијата.
