Казино „Адмирал“ во Велес повторно ограбено

11.02.2014 12:13

Двајца маскирани и вооружени разбојници синоќа го ограбиле казиното „Адмирал“ лоцирано во центарот на градот близу до стоковната куќа. Според информациите на Министерството за внатрешни работи кражбата е извршена пред полноќ.

Разбојниците кои биле маскирани и вооружени им се заканиле на вработените по што од казиното украле 2 000 евра. Со парите побегнале во непознат правец.

СВР Велес,  работи на случајот и на пронаожање на сторителите.

Инаку ова не е прв грабеж во казиното. Во  август, минатата година  според исто сценарио маскирани и вооружени кратци од казиното одземаа 4500 евра.

Дијана Иванова