Русија поднесе предлог- резолуција за создавање зони за деескалација во Сирија

08.05.2017 12:58

На преговорите во Казахстан, делегациите на Русија, Иран и Турција се договорија за создавање четири зони за деескалација на сириската територија, вклучувајќи ја провинцијата Идлиб...

Русија во Советот за безбедност на ОН поднесе предлог резолуција за поддршка на меморандумот за создавање „безбедни зони“ во Сирија, што беше потпишан на меѓународната средба во Астана.

На преговорите во Казахстан, делегациите на Русија, Иран и Турција се договорија за создавање четири зони за деескалација на сириската територија, вклучувајќи ја провинцијата Идлиб, делови од соседните провинции Алепо, Латакија и Хама, регионот северно од градот Хомс, Источна Гута и јужните провинции Дера и Кунејтра.

Спогодбата предвидува забрана за воена активност, вклучувајќи и летови на авијацијата.