ВМРО- ДПМНЕ: СДС работи спротивно на волјата на народот

08.05.2017 13:19

Нелегалниот претседател на Собранието најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, со тоа што Собранието на Република Македонија ќе стане трет парламент во регионот, во кој седниците ќе се водат на албански јазик, стои во дописот.

Спротивно од волјата на народот, Уставот, законите и на деловникот, СДС се обиде нелегално да избере претседател на Собранието, кој уште првиот работен ден во неговиот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата партија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нелегалниот претседател на Собранието најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, со тоа што Собранието на Република Македонија ќе стане трет парламент во регионот, во кој седниците ќе се водат на албански јазик, стои во дописот.

Молкот на СДС е доказ дека почнува реализацијата на неуставната Тиранска платформа. Ова ли беше дел од големата програма на СДС? За ова ли гласаа членовите и симпатизерите на партијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.