Средба на Џафери со амбасадорите на САД и на Франција
Амбасадорите на САД и на Франција, Џес Бејли и Кристиан Тимоние денеска на одделни средби со Талат Џафери. Како што соопшти собраниската прес- служба, дипломатите му го честитале изборот на Џафери на функцијата претседател на Собранието, оценувајќи го како „прв и мошне важен чекор во консолидација и стабилизација на политичката ситуација во Република Македонија“.

„Изборот на Претседател на Собранието е прв и мошне важен чекор во консолидација и стабилизација на политичката ситуација“- собраниската служба ги пренесува ставовите од на амбасадорите на САД и на Франција со Талат Џафери.
Реафирмиран бил ставот дека местото за дебата и за соочување на политичките ставови и мислења е Собранието, бидејќи тој е легитимен орган на граѓаните, а сите останати ставови искажани од претставници на високи државни институции не смеат да бидат пречка за конечно заокружување на веќе започнатите демократски процеси, кои се без алтернатива.
„Процедурата за избор на нова Влада ќе претставува почеток на реализација на ингеренциите на новиот претседател на Собранието, врз основа на Уставот, законите и Деловникот на Собранието“, велат од Кабинетот на спикерот.
Биле разменети мислења и за сензитивни прашања поврзани со настаните од 27 април, за новонастанатите околности и одредени перцепции по преземањето на функцијата претседател на Собранието, за модалитетите на нивното решавање и надминување, како и за местото, улогата и дејствувањето на сите државни институции, особено трите највисоки, во наредниот период.
Било изразено очекување дека и кај двете страни ќе преовлада чувството на висока политички свест и одговорност над одредени наметнати или испровоцирани состојби, за да се смират тензиите и мирно да се трасира патот за воспоставување на демократските процеси во државата.
Игор Панов
