Службен весник ја објави одлуката за изборот на Џафери

09.05.2017 10:22

Со ова Џафери и официјално ја презема функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија...

Службен весник на Република Македонија потврди дека во денешниот број е објавена одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на македонскиот Законодавен дом. Со ова Џафери и официјално ја презема функцијата.

За изборот на Џафери на 27-ми април гласаа пратениците од СДСМ и партиите на македонските Албанци.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека изборот е нелегитимен и со него е прекршен собранискиот Деловник, законите и Уставот.