Две години од настаните во кумановската „Дива населба“

09.05.2017 10:31

Од февруари 2016-тата во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 36 лица обвинети за терористичка организација и тероризам.

Две години од оружените инциденти во кумановска Дива населба каде што животот го загубија осум припадници на МВР, додека 40-тина беа тешко повредени. Во престрелката беа убиени и десет припадници на терористичката група.

Од февруари 2016-тата во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 36 лица обвинети за терористичка организација и тероризам.

Претседателот Ѓорге Иванов со медал за храброст постхумно ги одликува припадниците на Министерството за внатрешни кои го положија својот живот за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.