Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

09.05.2017 10:35

Низ целата земја се организираат настани на делегацијата на ЕУ чија цел е доближување на процесот на евроинтеграциите.

Во Македонија денеска се одбележува Денот на Европа, 9-ти мај. Низ целата земја се организираат настани на делегацијата на ЕУ чија цел е доближување на процесот на евроинтеграциите.

Веќе беше организиран Скопскиот маратон, следува годишниот матурски танц од средните учулишта, а ќе има бројни дебати, предавања и локални фестивали.

На 9-ти мај пред 67 години, Роберт Шуман го претстави европскиот проект, т.н Шуманова декларација што се проведе 1951 година со зачетокот на Европската заедница и договорот за јаглен и челик меѓу Германија и Франција.

Денеска Унијата ја сочинуваат 28 членки, но со Брегзитот, бројот ќе биде биде намален на 27 членки.

Централното одбележување ќе се одржи во Клубот на пратениците во Скопје каде што ќе говорат евроамбасадорот Жбогар и министерот за евроинтеграции Адеми.

Исто така, во Македонија со повеќе манифестации се одбележува и Денот на победата над фашизмот. Денеска беа положени цвеќиња на партизаните во Матка, а вечер во Кинотеката на Македонија ќе има проекции на руски воени филмови.